Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕКРЕТАРОТ СПАСЕСКИ НА РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ
Untitled Document

Во административната зграда во Косел, секретарот Димитар Спасески, придружуван од директорот на МЈП „Проаква“ Томе Паскалоски и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа, оствари работен состанок со претставници од месните заедници од Косел, Лескоец, Опеница, Вапила, Ливоишта и Куратица.

На состанокот беше разговарано за проблемите кои овие жители ги имаат во комуналната сфера и водоснабдувањето. Во наредниот период ЈП „Охридски Комуналец“ во соработка со месните заедници ќе отпочне акција за расчистување на дивите депонии, уредување  на зеленилото покрај патиштата, кастрење на дрвата и одредување на дополнителни локации за поставување на контејнери. МЈП „Проаква“ ќе им излезе во пресрет на месните заедници во делот на сервисирање на постојаната водоводна мрежа и обезбедување на потребното количество на хлор. Ваквите средби на секретарот Спасески се честа практика која ќе се применува и во иднина.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1245  пати
Објавено на: 12.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©