Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО ДЕВЕТТИ ПАТ ФРАНЦУСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ
Untitled Document

 

Со филмот „Патот за Истанбул“, во режија на Рашид Бушареб, утревечер свечено ќе биде отворено овогодинешното деветто  издание на францускиот филмски фестивал што се одржува во Скопје и Охрид. Покрај овој во рамки  на фестивалските денови во Скопје ќе се прикажуваат и филмовите „Утре“, „Фатима“, „ Лето“, „Ни на небо, ни на земја“.

Фестивалскиот дел во Охрид, ќе се одржи во четврток  16-ти и петок  17-ти јуни. Во четврток, со почеток во 20.30 часот љубителите на филмската уметност ќе можат да го проследат филмот „Каприс“  во режија на Емануел Муре. Во петок, охридската публика ќе може да го проследи филмот „Три срца“ во режија на Беноа Жако.

Во сабота, 18- ти јуни, во рамки на фестивалот во Охрид ќе има специјална вечер, кога ќе се прикажува филмот  „Судија“, во режија на Кристијан Венсан. Фестивалот ќе биде затворен со доделување на наградата „Цезар 2016“ за најдобра актерка во споредна улога. Годинава наградата  ќе и се додели на Сидс Бабет- Книдсен. Почесен гостин на вечерта  ќе биде режисерот Кристијан Венсан.

За посетителите и вљубениците во филмот влезот е слободен.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1345  пати
Објавено на: 14.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©