Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ ВО КОСЕЛ
Untitled Document

Со забрзано темпо  Општина Охрид го реализира   проектите  за асфалтирање на улици  во селото Косел  што   започна  пред десет дена.

За овој краток временски период во селото  Косел од  вкупно  8 предвидени  улички со должина од 1 000 метри и површина 3 000  метри  веќе  целосно асфалтирани  се три улици. 
На почетокот од проектот  на терен беше и градоначалникот Никола Бакрачески кој истакна  дека рокот за изведување на работите во село Косел е еден месец. 

  Активностите   за асфалтирање на уличките во Село Косел и за асфалтирање на патот од село Сирула до Вапила што исто така е во тек,  се двата проекти  кои општина Охрид ги изработи по претходно објавен оглас од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, а е во насока на напорите на локалната Самоуправа за развој на руралните средини.

Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1328  пати
Објавено на: 03.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©