Финалето од турнирот во фудбал за основци кој го организира ЈП „Билјанини
извори“, на фудбалскиот теренот за вештачка трева, се одигра денес. Во
финалето играа екипите на ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Христо Узунов“, каде
подобра беше екипата на ОУ „Григор Прличев“. Третото место го освои екипата
на ОУ „Живко Чинго“.
Наградата за победниците на турнирот ја додели градоначалникот на Охрид,
Никола Бакрачески.
Извор: www.ohrid.gov.mk |