Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД БИЗНИС СЕКТОРОТ И БАНКАРИТЕ СО ЗАЕДИЧКА ПОЛИТИКА ЗА СТОПАНСКИ РАСТ И РАЗВОЈ НА ОХРИД
Untitled Document

Општина Охрид , заедно со бизнис заедницата и банкарскиот сектор од градов ќе креираат заедничка политика за  побрз економски раст и развој   на Охрид-  ова беше заклучено на седмиот по ред  Локален економски совет  што денес се одржа во зградата на локалната самоуправа а на кој покрај постојаните членови на ова  локално тело присуствуваа и банкари, туристички работници и градежници од Охрид.   

Според градоначалникот Никола Бакрачески   неопходно е  да се воспостави  систем на постојана комуникација и соработка помеѓу бизнис субјектите во градот   со цел да  се креираат адекватни решенија за унапредување на бизнис климата во Охрид . Тоа би значело   унапредување на локалните бизниси и  раст на локалната економија  како и  побрзо креирање на можностите за   зголемување на бројот на вработените во Охрид.

-Ме радува фактот што од ден на ден се повеќе расте интересот  на надворешни стручни соработници да учествуваат во работата на  Локалниот економски совет. Се поголем број на правни и физички лица бараат да бидат вклучени во работата на седниците на ова локално економско тело.  Се надевам дека во иднина работата на Локалниот економски совет  ќе биде збогатена со нови членови. Интерес покажуваат и групации не само од Охрид туку и од други градови на Република Македонија.  Локалниот економски совет  се повеќе и повеќе  ја добива  улогата поради која што е формирана а тоа е унапредување на локалниот економски развој во градот Охрид ,истакна градоначалникот, Бакрачески.

Според  Милчо Митрески, претставник од банкарскиот сектор , Соработката помеѓу  бизнис заедницата , банките и локалната самоуправа , се основа за  локалниот и државниот економски развој. Според Митрески,  банките во Република Македонија се ставени во функција на економскиот развој. 

-Банкарскиот сектор во Р. Македонија е стабилен и високо ликвиден и консеквентно на тоа ги повикувам сите субјекти кои што имаат добра бизнис идеја да аплицираат во банките за добивање на евтини  средства кои потоа би биле ставени во функција на развојот. Имено,  добивањето на евтини извори на  средства значат раст на нивниот профит како и нови вработувања со што во целина се придонесува за пошироката општествена  корист,  потенцира Митрески.

Претседателката на Туристичката комора на Македонија,  Лејла Крстевска  позитивно ја  оцени туристичката политика на општина  Охрид  што  резултира со привлекување туристи во градов  не само во летниот туку и во останатите периоди од годината . Според  Крстевска  многу добро е што  актуелната  локална власт  прави напори и создава услови   за  привлекување  гости од подалечните земји.

-Охрид туристичката сезона годинава ја започна на 19 јануари .  Добро е што  Локалната самоуправа ќе продолжи да работи  на привлекување на туристи од останатите делови на Светот кои  што досега не биле  присутни во  градов  во  лето и во текот на целата година. Многу добро е што се прават напори за привлекување гости од  Народна Р. Кина Во Охрид

Потпишувањето на меморандумот  за соработка помеѓу  општина Охрид   и градот Далиан  е можност за промовирање на охридскиот туризам и умрежување на охридските стопанственици од областа на туризмот со кинеските стопанственици на претстојниот  саем за туризам во Далиан на кој што Охрид има добиено официјална покана за учество, истакна Крстевска,    која посочи  дека  оваа година  Локалната самоуправа  од Охрид   ги сумираше статистиките за туристички капацитети кои што ќе им бидат презентирани на туристичките агенции во Македонија со цел да се направи поголема промоција и продажба на туристичките капацитети .

Летната туристичка сезона,  Охрид ќе ја започне со прецизни податоци во однос на тоа    колку капацитети има во приватното,  хотелското сместување  како и  колку   се нови туристички капацитети кои што ќе почнат со работа оваа година.                      

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1310  пати
Објавено на: 06.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©