Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ПАТ ОХРИД – ВЕЛЕСТОВО
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во присуство на мештаните од село Велестово и бројни охриѓани, денеска свечено го стави во употреба патот Охрид – Велестово којшто е реконструиран по целата должина од  4 087 метри.


Според градоначалникот  Бакрачески  денешниот настан е  потврда  на стратегијата на локалната власт за подеднаков и рамномерен развој на сите делови од  Охрид.  


-Импактот од реконструкцијата на овој патен правец сметаме дека ќе биде повеќекратен  пред се за жителите на ова охридско село кои од 70-те години на минатиот век до сега одеа по видно оштетен пат затоа што ова е негова прва посериозна реконструкција од тогаш. Корист ќе имаат и туристите и гостите коишто  доаѓаат во Охрид и кои ги користат благодетите на руралниот туризам како и рекреативците кои патеката ја користат за таа намена, рече градоначалникот Бакрачески  осврнувајќи се на параметрите од овој патен правец.
 


Асфалтирана  е вкупна површина од 17 400 м2 во должина од 4 087 м. Проектот го започнавме минатата година кога  во  прва фаза  на асфалтирање  беа опфатени   околу 900 метри односно две делници и тоа: делницата на влезот во селото Велестово  и делницата што е на почетокот на патот  од бензинската пумпа на Националниот Парк „Галичица“. Годинава  се  реализира  втората фаза во која беа асфалтирани дополнителни  3.217 м. Патот   којшто  е широк 3,5 метри  е  проширен за повеќе од 50 сантиметри и се поставени банкини  по целата должина со широчина од 0,5 метри.  Поставен е висококвалитетен асфалт. Во првата фаза вредноста на реконструкцијата беше 6.556.611  денари,  пари обезбедени од Агенцијата за патишта на Р. Македонија   а во втората фаза вредноста е 14.539 474 денари, средства обезбедени од Агенцијата за поддршка на руралниот развој при Владата на РМ.Вкупната вредност на проектот е 21.096.085 денари, додаде Бакрачески
 


 
-Му благодарам на градоначалникот Бакрачески за прекрасно изградениот пат. Пат кој што одамна требаше да биде направен , пат кој беше многупати ветуван  од други власти ноникогаш изграден. Уште еднаш ви благодариме , бидејќи вие собравте сили, покажавте доблест и се направи овој пат. Овој пат ќе го отвори развојот на Велестово, една прекрасна дестинација како за развој на руралниот , така и на селскиот, планински туризам , а пред се ќе го подобри животот, на оние малку семејства кои живеат во село Велестово, истакна Стојан  Митрески  од МЗ Велестово.

Општина Охрид во изминатиов период ги реконструира патиштата и кон останатите  охридски села, Елешец- Елшани; Вапила – Сирула;Патот што ги поврзува Горно и Долно Лакочереј; неодамна заврши реконструкцијата на патот Вапила Ливоишта,  започнати се подготвителни активности за асфалтирање на патот Рача – Кромидиште  по што  наредниов период ќе започне  реконструкцијата  на  патот   Косел -Ливоишта.  Патишта имаме изградено во Косел, Коњско, Лескоец,  Велгошти и во други охридски села.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1415  пати
Објавено на: 28.03.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©