Со забрзано темпо се реализираат активностите за изградба на
две нови кружни крстосници по должината на булеварот Туристичка на пресекот
со улица „Македонски Просветители“ и улица „Стив Наумов“. Во моментов и на
двата градежни објекти, екипи на охридските јавни претпријатија вршат
интензивни градежни зафати за поставување на нова атмосферска канализација и
подготовка на теренот за претстојните крупни градежни активности.
Кружната крстосница на пресекот на булевар Туристичка со ул. „Македонски
Просветители“ е проект којшто Локалната самоуправа го реализира со средства
од Светска Банка и негова договорена и проектирана цена е 10.397 636 денари.
Оваа кружна крстосница се состои од два кружни тека,првиот лоциран на
јадрото на булевар Туристичка со вкупен дијаметар од 24 метри и една
помала кружна крстосница лоцирана на пресекот на ул. „Македонски
Просветители“ со булеварот „Туристичка“ со дијаметар од 3 м. Се очекува оваа
кружна крстосница на овој фрекфентен дел од градот да ја подобри безбедноста
на сите учесници во сообраќајот и да го интензивира одвивањето на
сообраќајот на овој дел од градот,посебно за време на летната туристичка
сезона.
Кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул. „Стив Наумов“
е проект којшто локалната самоуправа го реализира исклучиво со сопствени
средства. Вкупната проектирана цена по договор на овој проект изнесува 4.960
226 денари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |