Во рамки на посетата на Израел во текот на вчерашниот ден директорите на ''Билјанини Извори'' и ''Проаква'' имаа средби со претставници на компанијата "Спидо" на кои се разговараше за можностите за влегување на овој гигант во организацијата и спонзорирањето на ''Охридскиот пливачки маратон''. Во разговорите беа опфатени и аспектите на менаџирање и одржување на базените при што беше направена посета на еден од најсовремените базени во Израел, лоциран во Нетања
Делегацијата на Охрид оствари средба и со г-дин Рони Киршнер, директор на компанијата '' Сизар Вентурес'' ( SIZAR Ventures ) , а воедно застапник на "Cello Park" на кој беа разгледани најновите технологии и достигнувања во имплементација на интегративен софтвер за менаџирање со паркинг зони. Исто така остварена беше средба со г-дин Рон Тамари, сопвственик на ''Некст степ'' ( NEXT STEP Advanced Motion Technology ) , на која се рзгледуваа можности за инвестиции и соработка во процесот на менаџирање со спортски објекти и фитнес центри.
Извор: www.ohrid.gov.mk
|