Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ УП ЗА СЕЛО ЉУБАНИШТА ДЕЛ ОД БЛОК 9- ОПФАТ 1 КО ЉУБАНИШТА
Untitled Document

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10 и 51/11),Општина Охрид, на ден  10.02.2014г. донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

1.За планскиот документ УП за село Љубаништа дел од блок 9- опфат 1 КО Љубаништа, Општина Охрид , Нацрт план 2011-2021 год.кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина

2.Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ УП за село Љубаништа дел од блок 9- опфат 1 КО Љубаништа, Општина Охрид се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид

3.За планскиот документ УП за село Љубаништа дел од блок 9-опфат 1 КО Љубаништа  во  ,Општина Охрид   за чија изработка е одговорна Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид,донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина

4.Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(почвата, флората, фауната, ендемичните видови во рамките на Националниот парк Галичица ).

5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
6.Против оваа одлука јавноста има право на  жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .

Бр. 20- 851/ 2
10.02.2014г.                                                                        

 Градоначалник
Никола Бакрачески

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1247  пати
Објавено на: 17.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©