Синоќа на Античкиот театар свечено беше отворена 11-та смотра на Сојузот на извидниците на Македонија, што годинава се поклопува со шеесет годишнината од основањето на асоцијацијата. Смотрата за отворена ја прогласи претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој во своето излагање, ја истакна големата улога што Извидничкиот Сојуз ја има во неформалното образование на младите поколенија, како одговорни личности во пошироката заедница.
Од името на градот домаќин, гостите ги поздрави претседателот на Советот на Општина Охрид, г-ѓа Гордана Коњановска, која посочи дека, интернационалниот белег на манифестацијата ја афирмира универзалната мисија на извидниците од целиот свет, за изградба на исполнителни индивидуи, кои ќе имаат конструктивна улога во општеството.
На интернационалниот извиднички собир кој ќе трае до 28 јули, учествуваат повеќе од 500 извидници од земјава и странсво, кои својот камп го подигнаа во атарот на селото Скребатно.
Фотографија: Александар Ковачески
Извор: www.ohrid.gov.mk |