Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА Ул. „КРУМ ТОЧКО“
Untitled Document

Улицата „Крум Точко“ е целосно реконструирана и подготвена за употреба. Во реконструкцијата беше опфатена водоводната мрежа во должина од 319 m’, поставување на атмосферска канализација во должина од 230 m’ и асфалтирање на улицата во должина од 1940 м2.

Улицата „Крум Точко“ се наоѓаше во слична ситуација како и улицата „Петрино“ пред нејзиното реконструирање, односно без реконструирана водоводна мрежа и атмосферска канализација. Во изминативе неколку месеци беа изведени инфраструктурни работи со помош на ЈП „Нискоградба“ и ЈП „ПРОАКВА“  за  денес да добиеме целосно инфраструктурно реконструирана улица, според стандарди кои го налагаат уредувањето на улици во урбаниот дел на општината.

Со завршувањето на целосната реконструкција на улицата „Крум Точко“ завршува годинешниот план кој претходно беше предвиден од Секторот за комунален развој и сообраќај и од наредната година се отпочнува со интензивно асфалтирање на голем број улици во градот и во околните населени места, со динамика предвидена во програмите и плановите на општина Охрид за 2014 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1302  пати
Објавено на: 18.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©