Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИИТЕ „ СВ. НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ“ И „ФРЕСКИ ОД ОХРИД“
Untitled Document

Со промоцијата на публикациите „ Св. Никола Чудотворец“ и „ Фрески од Охрид“ од авторот Ленче Мојсоска, што денеска во 12 часот се одржа во Куќата на Уранија, започна одбележувањето на 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид.На промоцијата се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев.

-Стручната и пошироката јавност, од денеска ќе бидат побогати со сознанија за познатата црква Св. Никола Чудотворец, свет храм кој бил обновуван и сликан со фрески во текот на повеќе векови.Во времето од 2000 до 2005 година, под раководство на Ленче Мојсоска, се вршеше откривање и конзервација на бројните фрагменти на фрескосликарството на црквата, кое беше оценето како значајно откритие на средновековното уметничко богатство на древниот Охрид.

Промоцијата на двете публикации е во рамките на програмата за одбележување на 8 Декември- Денот на Свети Климент Охридски-Патронот на Охрид.Со овој настан, авторката Мојсоска и Заводот за заштита на спомениците и Народен музеј од Охрид, го даваат својот придонес во слава на заштитникот на градот Свети Климент Охридски, светителот и светецот кој го отвори првиот сесловенски универзитет преку кој се ширеше писменоста и културата во земјите на православието.

Овие и сите други публикации кои ги расветлуваат деталите од огромното културно наследство на Охрид, кое е под заштита на УНЕСКО, се од особено значење за промоција на историските и културните вредности на овие простори во светот. Тие се и драгоцен дел од нашата стратегија за развој на културниот и верскиот туризам, а особено се атрактивни во креирањето на туристички аранжмани, наменети пред се за странските туристи.
Во духот на создавањето,чувањето на вековните традиции и нивна промоција пред светот, нека ни се  вековити празнувањата  во чест на Свети Климент Охридски – Заштитникот на Охрид- рече во обраќањето,заманик градоначалникот Ангел Јанев.

За публикациите „ Св. Никола Чудотворец“ и „ Фрески од Охрид“ од Ленче Мојсоска  зборуваше Проф. д-р Елизабета Димитрова.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1393  пати
Објавено на: 04.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©