По повод 24-Мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил Методиј, утрово градоначалникот Никола Бакрачески присуствуваше на црковното чествување и ја проследи културно уметничката програма во старото училиште Св. Кирил и Методиј во населбата Кошишта што по повод празникот ги организира КУД “Ѓердан“.
Градоначалникот го проследи концертот на кој учествуваа Стефани Велјаноска и Теодора Филоска на виолина, Дарио Тренески на клавир и Петар Кочоски на хармоника.
Младите “ѓерданчиња“ пред градоначалникот во дворниот простор на училиштето заиграа и запеаја традиционални игри и песни.
Еден час подоцна Градоначалникот Бакрачески присуствуваше на културно уметничката програма што се одржа пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во Градскиот парк.
По настапот на Теодора Ѓоргиеска на гитара и по поздравната реч на Тоде Илиески од Друштвото на писатели, делегации од различни сфери положија свежо цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј. Точно напладне Градоначалникот Бакрачески, на наградените ученици од охридските училишта на меѓународни и државни натпревари им додели пригодни подароци,посакувајќи им и понатака да нижат успеси во животот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |