Во организација на Фитнес центарот „Фитформ“ , во соработка со општина
Охрид и со поддршка на Црвен Крст, ЈП „ Охридски комуналец“ и ЈП „ Билјанини
извори“ , синоќа на градскиот плоштад , за првпат се одржа
манифестацијата „ Фитнес на Отворено- поттикнување на свеста на луѓето за
спортување.
На овој атрактивен настан учестуваа 12 девојки и инструкторката од
Холандија Јелена Градич, а на крајот во вежбањето се вклучија бројните
минувачи, кои заедно со девојките покажаа како може да се спортува.
Во забавниот дел настапија естрадните уметници Ѓоко Танески, Петар Маркоски,
Симона Попоска и Владимир Василески- Четкар, а двегодишната Стефанија
доби награда.
Организаторите најавија дека оваа манифестација за промоција на
спортувањето ќе стане традиционална.
Извор: www.ohrid.gov.mk |