Заменик градоначалникот на Охрид , Ангел Јанев, присуствуваше на свеченото отворање на традиционалниот Саем за наука и култура што денес се одржа во приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Струга .
На саемот беа претставени и презентирани научни и културни проекти изработени од ученици кои се со различна етничка и верска припадност.
Бројните посетители на саемот имаа можност да видат интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети: матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, историја, географија,
англиски , македонски, албански и турски јазик.
Извор: www.ohrid.gov.mk |