Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНЦЕРТ НА ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ ПРЕД ВОДИЦИ
Untitled Document

Со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на  спортско рекреативниот центар  “Билјанини извори“ во петок на 17-ти јануари, започнува прославата на  големиот христијански  празник, Богојавление – Водици.
Градоначалникот Никола Бакрачески кој годинава е еден од кумовите на манифестацијата,  денес изјави дека  подготовките   за случувањето се при крај .

На 18-ти јануари во ЦК “Григор Прличев“ концерт ќе одржи Културно Уметничкото Друштво “Танец“ или хорот  “Св. Злата Мегленска“. На 18-ти и 19 јануари предвидена е богата програма во која е предвиден настап на познати охридски тајфи. Се надевам дека понудената програма ќе биде привлечна за гостите, домашните и странски кои  годинава очекуваме да бидат најбројни- рече градоначалникот Бакрачески.

Од Општина Охрид,  годинава за најмасовниот христијански празник Богојавление –Водици, празничната  програма ја распределија  на повеќе денови од 17-ти до 20-ти јануари. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1259  пати
Објавено на: 10.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©