Во просториите на општина Охрид, денес, градоначалникот Никола Бакрачески
заедно со претставници од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици
и командирот на сообраќајната полиција во Охрид имаше средба со такси
превозниците од Охрид.
На состанокот се разговараше за проблемите кои ги имаат такси превозниците
од Охрид, но и прекршоците кои континуирано ги повторуваат. Исто така се
разговараше за воведување ред во паркирањето и запирањето на такси
превозниците, односно за узурпацијата на јавен простор, како би се подобрила
сликата на градот, а со самото тоа би се зголемила и работата на такси
превозниците. Законските измени кои се донесени мора да се почитуваат, а
доколку се констатира прекршок за истите ќе следат санкции.
Во дискусијата се вклучија и такси превозниците со свои идеи и предлози за
своите проблеми и со предлог решенија за промена на такси постојките.
Сите забелешки и предлози ќе бидат елаборирани, разгледани и доколку некои
од нив се добри и е возможна нивна реализација ќе се имплементираат што
поскоро се со цел до година да се воведе ред во оваа област.
Градоначалникот Бакрачески ги информира такси превозниците за законската
обврска за познавање на англиски јазик и апелираше да ја искористат
можноста, да се пријават на конкурсот за обука на англиски јазик кој го
организира општина Охрид и бесплатно да се стекнат со потребното знаење и
потврда за познавање на англиски јазик.
Ваквите координативните состаноци во иднина ќе се организираат почесто за
во наредната туристичка сезона да се подобри сликата за градот и да има ред
во такси и линискиот сезонски превоз.
Извор: www.ohrid.gov.mk |