Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес оствари работна посета на Трговскиот центар кој компанијата КАМ го гради во поранешната фабрика на „Отекс“ во Охрид.
Од страна на првиот човек на КАМ Гоце Камчев, Бакрачески беше запознаен со визијата на проектот, кој ќе биде вистински регионален центар, насоките во кои ќе се развива целиот комплекс и со богатата понуда која ќе се нуди за охриѓани и гостите.
Првиот човек на Охрид ја поздрави идејата и најави широка поддршка за непречено да се реализира целиот проект, во кој според првичната проекција ќе работат на 300 луѓе.
Со површина од над 12.000 м2, Трговскиот центар на КАМ ќе биде најголемиот регионален трговски, забавен и шопинг центар, а четврти по големина во Македонија. станува збор за инвестиција од над 8 милиони евра, најголема во последните години во Охрид.
Трговскиот центар располага со сопствен отворен и покриен паркинг за преку 350 возила, а ќе содржи над 50 продавници, банки, менувачници, кафулиња, ресторани, спа центар со затворен базен, супермаркет, внатрешна шопинг улица и најголем и најмодерен забавен центар.
Покрај богатата природна и туристичка понуда, градот добива нова дестинација со многубројни содржини на едно место, за сите гости во и вон сезона.
Извор: www.ohrid.gov.mk |