Екипите на „Јавна хигиена„ денес спроведоа акции за расчистување на магистралниот пат Скопје-Охрид на делницата до Подмоље и до нас.Свети Стефан. Овие акции се спроведуваат по налог на општинскиот инспекторат, а се расчистува расфрланиот отпад околу коловозните ленти и тревниот дел.
На потегот сообраќајна клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље ангажирани се 6 комунални работници и се очекува да се подигнат околу 60 вреќи пластични шишиња, хартиена амбалажа, лименки и др. (повеќе...)
Извор: www.ohrid.gov.mk |