Делегација на општина Охрид, составена од Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој, престојува во работна посета на Италија, на покана од градот Исео, а по повод Проектот Фестивал на езерата од Италија и Европа.
Денес, претставниците од Охрид остварија средба со Градоначалникот на општина Исео, Riccardo Venchiarutti, како и со претставници на останатите гости на фестивалот од Англија и Ирска.
На средбата беше изразено задоволството од присуството на Охрид во Италија, и можноста за соработка во рамките на овој проект, како и проширување на идните релации и во другите области, со посебен акцент на туризмот и размената на искуства во проширувањето на туристичките понуди.
Домаќините ја истакнале својата поддршка за натамошно присуство на Охрид на вакви и слични собири во Италија и други места во Европа, потенцирајќи го значењето на Охридското езеро како природна реткост под заштита на УНЕСКО.
На овој настан, покрај делегации од 30 езера во Италија, учествуваат и 5 други езерски партнери и тоа покрај Охрид и: Блед-Словенија, Conison-Англија, Drumharlow-Ирска и Pebersee- Австрија
Извор: www.ohrid.gov.mk |