Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ОГЛАС: Дозволи за вршење на дополнителен сезонски линиски превоз на патници
Untitled Document

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 07-5169/15 донесена на 55-та седница на Советот на Општина Охрид оджана на ден 28.11.2012 година и доставеното барање од страна на Одделението за сообраќај и патишта бр.03-2583/1 од 30.05.2013 година, Oпштина Охрид објавува

ЈАВЕН  ОГЛАС
За добивање на дозволи за вршење на дополнителен сезонски линиски превоз на патници

1.Предмет на добивање на дозволи се  13 пакет линии утврдени по релација и време на поаѓање за период од 01.07.2013 до 31.08.2013 година.

Пакет линиите со соодветно објаснување можат да се подигнат секој работен ден во одделението за јавни набавки при Општина Охрид од 12:00-15.00 часот.


2.Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на дополнителен сезонски линиски превоз:

2.1) да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај,

2.2) да е сопственик на минимум две или повеќе регистрирани возила за превоз или да има соодветен договор за лизинг или закуп.  Возилата да се со капацитет од најмалку 8+1 седиште по возило, и да ги исполнуваат посебните техничко- експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз;

2.3)   да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило (автобус/минибус/комби , ) што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;

2.4)   управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност и

2.5)   да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.


3.Критериуми за доделување на пакетите за дополнителен сезонски линиски превоз:

- Пакетите на линиски превоз ќе му бидат доделени на оние правни субјекти кои во целост ги исполнуваат условите од точка 2 од јавниот оглас кои понудиле највисока цена за користење на автобуски постојки за реализација на пакетот на линии и потпишале изјава за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници.

- Образецот на понудата може да се подигне секој работен ден во просториите на одделението за јавни набавки при Општина Охрид од 12:00-15.00 часот

4. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на сезонски превоз:
Понудата за добивање на дозвола за вршење на сезонски линиски превоз на патници во Општина Охрид и регистриран возен ред треба да содржи:

Полн назив, седиште и адреса на превознокот;

Матичен број и адреса на превознокот;

Пополнет образец на понуда;

Документи во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од  точка 2(два) од јавниот оглас;

(За поседување на бараните возила се  приложување на фотокопија од сообраќајната дозвола а за докажуање на вработени се приложува М/1М2 образец)

Изјава за прифаќње на максималната цена за чинење на возниот билет за конкретната релација.

Заинтересираните превозници треба да ги достават понудите во затворени коверти со назнака за Јавен оглас за дополнителен сезонски линиски превоз на патници во Општина Охрид, најдоцна до 12.06.2013 година до 12:00 часот.Отворањето на понудите ќе се изврши јавно на ден 14.06.2013 година во 12:00  часот.

5. Секој регистриран правен субјект може да добие најмногу 2(две) пакет линии.

Во pdf формат огласот можете да го преземете тука: Општински тековни јавни набавки

ОПШТИНА ОХРИД
Комисија за јавен оглас за организирање на 
 дополнителен сезонски линиски превоз на патници

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1256  пати
Објавено на: 05.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©