Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитки до сите припадници на влашката етничка заедница во Охрид и Република Македонија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.
-Ми причинува задоволство да истакнам дека со одбележувањето на овој празник се уважува големиот, културен и општествен придонес на влашката заедница. Нивната култура, традиции и обичаи си имаат свој дел, своја улога и своја историја инкорпорирани со историјата и културата на Охрид и Република Македонија. Вредностите кои ги негуваат Власите претставуваат значаен дел во севкупните заложби за зачувување на вредностите на нашето општество, како и негување на толеранцијата и соживотот помеѓу сите наши граѓани.
Денешниот празник е уште една можност да ја одбележиме и прославиме долгата традиција на соживот и заедништво која ја имале луѓето и етничките заедници кои во минатото и денес живеат на овие простории на Македонија. Нека ваквите празници бидат повод за заедничка заложба за зацврстување на благосостојбата и просперитетот на нашата држава, стои во честитката на градоначалникот Бакрачески по повод 23 Мај- Националниот ден на Власите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |