Пред почетокот на новата учебна година Секторот за Комунален развој
сообраќај и улици при Општина Охрид продолжува со акцијата за бележење на
хоризонталната сигнализација пред основните училишта.
Во текот на денешниот ден знаците ''деца на патот'' ќе бидат поставени на
улиците во кои гравитираат охридските основни училишта и тоа:
-ул.“Стив Наумов“, пред ОУ “Братство-Единство“ населба Лескајца;
-ул. “Димитар Влахов“ пред ОУ “Григор Прличев“;
-ул. “7-ми Ноември“ пред ОУ “Братство- Единство“,Крстџамија
-ул.“Питу Гули“ пред ОУ “Христо Узунов“.
Акцијата е дел од насоките на Градоначалникот за безбеден,непречен и
сигурен почеток на новата учебна година, договорени на последниот
координативен состанок.
Од секторот за комунален развој сообраќај и улици, потенцираат дека ваквиот
сериозен пристап на надлежните општински институции предводени од
Градоначалникот даваат за право да се констатира дека Општина Охрид од
сообраќаен аспект,подготвена ќе го дочека почетокот на новата учебна
година.Инаку надлежните служби од овој сектор изминатиов период работеа
како на бележењето на хоризонталната и вертикалната сигнализација така и
на поставување на патокази и сообраќајни знаци.
Извор: www.ohrid.gov.mk |