Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЌЕ СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ ДЕЛ ОД КОМУНАЛНИТЕ ТРОШОЦИ
Untitled Document

Градоначалникот  Никола Бакрачески, денес  на прес конференција го обелодени и вториот   проект за социјално ранливите категории  луѓе .   Со проектот се предвидува   општина Охрид  со  свои средства во висина од  600 денари  да   субвенционира дел од  комунални трошоци на  социјално ранливите граѓани на Охрид  што тие ги имаат кон јавните   претпријатија “ Охридски Комуналец“, МЈП  “Проаква“, “Нискоградба“ и “Градски гробишта“. Субвенционирањето ќе биде на месечна основа а лицата кои се заинтересирани за помошта мора да се пријават на претходно распишан оглас од страна на локалната самоуправа.  

Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 600,оо денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненти,покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари ,покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари ,покривање на трошоците за плаќање на гробна такса- гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата, рече градоначалникот   Бакрачески објаснувајќи  кои лица имаат право да поднесат  барање за субвенционирање.


- Барателот да е  корисник на социјална помош или корисник на постојана парична помош или невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен, посочи  Градоначалникот потенцирајќи дека  услов за погоре наведените категории е: корисниците и нивните брачни другари да бидат пријавени во Агенцијата за вработување на Р. Македонија  и активно да бараат работа. Заедно со брачниот другар да не оствариле приходи поголеми од 105.600,оо денари во 2013 година и да не поседуваат друг имот освен оној во кој живеат;

Право на субвенционирање на трошоците за комунални услуги имаат и   лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството  е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест.Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни или церебрално васкуларни заболувања. Услов за оваа категорија на корисници ( по основ на инвалидитет или тешка болест ) е во 2013 година, заедно со брачните другари да не остваруваат приходи поголеми од 105.600,оо денари, како и да не поседуваат друг имот освен оној во кој живеат, додаде Бакрачески.

Подносителите на барањето за субвенционирање треба да се државјани на Република Македонија, да се жители на Општина Охрид,да се корисници на Услуги од охридските јавни претпријатија и да се подносители на барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

 Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги доставуваат во затворено плико, лично во архивата на Општина Охрид или по пошта на адресата на   Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака ( “Јавен оглас  за субвенционирање  на трошоци за комунални услуги” ).

Јавниот оглас   ќе трае 30 дена, сметано од денот на објавувањето на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk, а барањата за субвенционирање можат да се доставуваат за цело време додека трае огласот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 15.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©