Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ФЕСТИВАЛ НА НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛМ
Untitled Document

Во Центарот за култура „ Григор Прличев“ , синоќа свечено беше отворен Фестивалот на новиот германски филм, што го организира амбасадата на Сојузна Република Македонија. На свеченоста, пригодно обраќање имаше заменик градоначалникот Ангел Јанев.

-Филмската уметност е одлична можност за запознавање и зближување на  македонската и германската култура.Со прикажувањето на најновите, жанровско различни филмски остварувања, охридската публика ќе има можност да направи вредносен пресек на новите дела од германската кинематографија, но и на специфичен начин да ги доживее и осознае убавините и универзалните пораки на седмата уметност.
Охрид, на милениумските темели на културното наследство, кое заедно со природните реткости е под заштита на УНЕСКО, гради своја сегашност не само во културата туку и во сите области на општественото живеење. Тука во текот на годината, а особено во летните месеци се одржуваат бројни културни манифестации од локално, регионално и светско ниво.Благодарни сме што  Фестивалот на новиот германски филм, е дел од нашата богата културна понуда, и дел од стратегијата за развој на Охрид, како туристички, индустриски,културен и образоваен центар не само во Република Македонија, туку и во поширокиот регион во овој дел на Европа.
Покрај со филмските фестивали, Локалната самоупрва прави и други чекори за развој на кинематографијата .Во Охрид од оваа академска година почна да работи Институтот за филм,  кој ќе функционира според програмите на познатата филмска академија ФАМУ од Прага. Имаме намера да изградиме филмски град и  Охрид да стане дел од светската кинематографска мапа.Искрено се надевам дека во скора иднина ќе имаме заеднички копродукциски проекти, а премиерите на филмовите ќе ги следиме во оваа кино сала-
рече во обраќањето заменик градоначалникот Ангел Јанев.

На првата фестивалска вечер беше прикажан филмот „Роден во болка„ , а во следниве три дена, охридската публика  ќе има можност да ги види и филмовите „ Феникс„ , „ Хакери„ , „Лола на грашокот“, „ Спасете го Рафи“ и „ 300 збора Германски“ .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1338  пати
Објавено на: 11.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©