Екипа на ЈП “Охридски комуналец“ денес ги санираше дрвјата и ги
сечеше гранките во шумскиот дел од УЗ 12 “Гоце Делчев” населба,
Бараки. Една екипа на ова претпријатие работеше на раскопување и
расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и
декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и
зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на “Булевар
Туристичка”.
Извор: www.ohrid.gov.mk |