Општина Охрид во соработка со Бизнис старт ап центарот -УСАИД и Агенцијата за вработување организираат информативна средба на тема ,,Претприемаштвото како фактор за локален економски развој”.
Целта на ваквата средба е младите да се запознаат со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис со цел нивно запознавање, охрабрување и постепено вклучување на пазарот на трудот.
Средбата ќе се одржи утре (четврток), со почеток во 10.00 часот во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој.
Извор: www.ohrid.gov.mk |