Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РЕАКЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД НА ИЗЈАВИТЕ НА ДЕЛ ОД УГОСТИТЕЛИТЕ
Untitled Document

Општина Охрид ги отфрла сите обвинувања кои некои угостители без да се идентификуваат, јавно ги изнесоа во јавноста, како ставови на угостителите од Охрид.
Заради обидот за манупилација со јавноста, иако граѓаните добро знаат, уште еднаш ќе потсетиме на законот кој јасно кажува дека комунална такса треба да плати секој кој поставува урбана опрема пред угостителски објекти без разлика дали е тоа приватна сопственост или е сопственост на Р. Македонија.

Локалната самоуправа со цел да им излезе во пресрет на угостителите го намали закупот на комуналната такса кој претходно изнесуваше 10 денари на ден, а сега изнесува 7,5 денари дневно по  м2, исто така намалена е висината на цената за закуп за поставување урбана опрема во сите зони линеарно за 50 денари. Па така, ако досега за прва зона се плаќаше 300 денари месечно по квадратен метар цената годинава е пониска и изнесува  250 денари.
Јавноста во Охрид знае дека локалната самоуправа коректно и со желба да се создадат колку е можно подобри релации меѓу  угостителите и надлежните служби одржа низа состаноци со угостителите на кои во детали беше разговарано за прашањата од оваа област. По средбите,  во  изјавите дадени за медиумите угостителите изразија задоволство од одлуките,но и од спроведувањето на законот што е дирекно во нивна корист.

Денес за жал некои од нив се обидуваат да се надмудруваат со локалната самоуправа, да ги избегнуваат законските обврски во финанска смисла и преку ставовите кои анонимно ги пласираат во медиумите продолжуваат да дејствуваат во насока на избегнување на обврските кон градот, а што е на дирекна штета на општинскиот буџет, на граѓаните како и на угостителите кои чесно и одговорно работат и си ги исполнуваат обврските.

Ваквите игри кои поединци упорно ги прават на надлежните служби им се јасни и предвидливи и како и досега, така и натаму целосно ќе бидат осуетени. Вториот момент во серијата чекори со кои поединци се обидоа да ги внесат службите во општината во лавиринт беа барањата за измени на веќе поднесените елаборати во однос на површината на која се однесуваат. Локалната самоуправа и на овие барања им излезе во пресрет. По вчерашната  акцијата за подигање на нелегално поставената урбана опрема, кога на сите им стана јасно дека дејствијата на службите се непоколебливи, дека кај службите  не успеваат разните влијанија и притисоци и дека нема толеранција за никој и сите имаат ист и подеднаков треман, поединци се обидоа да ја манипулираат охридската јавност давајќи изјави без да се идентификуваат кој се, а се со цел преку вршење медиумски притисок да им се овозможи да работат како и досега.

Локалната самоуправа како и досега, така и натаму енергично непоколебливо и без некој да има посебен третман подеднакво за сите ќе го спроведува законот како во оваа сфера така и во сите останати области кои се под ингеренции на градската власт.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1305  пати
Објавено на: 11.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©