Делегација на холандскиот тур оператор ТУИ, предводена од главниот извршен директор Стефан Ван Дер Хајден, денес слетаа на охридскиот аеродром, а во наредните денови ќе престојуваат во Охрид со цел да го запознаат градот. Тие беа пречекани од холандската амбасадорка во Македонија Мариет Схурман, претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска заедно со претставници на Локалната самоуправа, потоа претставници на Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија и претставници на неколку туристички агенции.
Охрид и Охридското Езеро се препознатливо културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО и едно од 29-те такви места во светот. Холандските туристи секогаш биле добредојдени во Охрид и во голем број го посетувале нашиот град, а последните неколку години имаме позитивен тренд, кој очекуваме да продолжи и оваа сезона - истакна претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска и им посака срдечно добредојде на туристите кои денес пристигнаа во Охрид.
Охрид стана примамлива дестинација за странските туристи. Бројот на холандски туристи секоја година се повеќесе зголемува, а годинава се очекува во Охрид да допатуваат преку 25 000 туристи.
Извор: www.ohrid.gov.mk |