Во ОЕМУЦ“Св Наум Охридски“, на ден 08.11.2014 год. се одржа еднодневна
обука на тема “Асертивната комуникација како фактор за подобрување на
интерперсоналните односи во училиштето“. Обуката беше реализирана согласно
годишната програма на училиштето и зацртаните проекти, а во насока на
професионалното усовршување на стручните соработници и наставниците, како
клуч за подобрување на севкупната работа во училиштето.
Вработените во ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ имаа можност да го збогатат своето
знаење за вештините, формите и категориите за успешната комуникација како
фактор за здрава училишна клима и функционална училишна култура, различните
стилови на комуницирање, пасивната, агресивната и асертивната комуникација.
Извор: www.ohrid.gov.mk |