Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА ОБУКА ЗА ОСНОВИ НА ЛОЗАРСТВО И ЕНОЛОГИЈА ВО ОХРИД
Untitled Document

Во рамките на Проектот  "Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија" кој Агенцијата за Индустриски Развој на Обединетите Нации (UNIDO) го имплементира заедно  Охридскиот и Тиквешкиот Регион како и Министерството за Економија на РМ, Општина Охрид како партнер во Проектот Ве  поканува да се пријавите за:
 
Обука за основи на лозарство и енологија (Обука за сомелиери) во Охрид
Цел на обуката е едукација на лицата кои се одговорни за производство на вино, селекција на виното во угостителските објекти, комбинација на виното со храна и протоколот на сервирање на виното.
Датум: 13 и 14 Декември (Сабота и Недела)
Време : 10:30 часот
Место на одржување: Ројал Вју ресторан, сала за состаноци
Обучувач: Стручниот тим на сомелиери од КАМНИК хотел и винарија
 
 
Пријавување: Обуката е наменета за винарии со производство од мал обем, винарии кои имаат ресторани во своите објекти и угостителски објекти од регионот на Охридското езеро, заинтересирани да обучат сомелиер како дел од својот тим. Бројот на учесници е ограничен.


При пријавување, во е-маил-от, назначете:
1. Име и презиме на учесник;
2. Позиција на која е вработен предложениот учесник;
3. Назив на винарија/угостителски објект; и
4. Зошто оваа обука ќе и користи на вашата винарија/ресторан.
Овие информации да се испратат  на следниот  е-маил: a.ambarkova@unido.org  по што ќе следи одговор на Вашата апликација.
*Обуката е целосно финансиски покриена од Проектот, за максимум 15 учесници. Принципот е прв пријавен прв услужен, со предност за лицата од женски пол
 
 
Општина Охрид преку Секторот за туризам и локален економски развој  со заедничката имплементација на овој Проект, сака да даде свој придонес во подобрувањето квалитетот на услугите во туризмот и угостителството во Охрид.
 
За повеќе информации:
Општина Охрид
Сектор за туризам и локален економски развој
Антонио Балески
тел: 230 175;  e-mail: antoniobaleski@ohridler.gov.mk

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 04.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©