Сегашното Економското училиште и медицинската паралелка се издвојуваат од Гимназијата Св. Климент Охридски, вака одлучија охридските советници на денешната седница по усвојувањето и изгласувањето на предлог одлуката што се однесува на оваа тема а чиј предлагач беше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
-На крајот на минатата недела Министерството за образование ја даде согласноста за поделба. Претходно стручна комисија од министерството направи увид врз објектите, наставниот кадар, бројот на учениците и утврди дека сите услови за поделба се исполнети. Веќе е одлучено и за името на училиштето Ќе се вика Св. Кирил и Методиј, објасни секретарот Спасески.
Со издвојувањето на економското училиште од гимназијата ќе се овозможи поефикасно работење што секако е во полза и на наставниот кадар и на учениците, од двете образовни установи.
Извор: www.ohrid.gov.mk |