Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНАТА СО КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА ЗА ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Заменик министерот за образование на Р. Македонија  Спиро Ристоски  присуствуваа  на  проекцијата  на македонскиот филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, што  вечерва се прикажа во Институтот за филм- Филмска академија во Охрид.

На вечерашната  филмска проекција  меѓу бројната охридска публика беа  и  режисерот  Иво Трајков и продуцентот Роберт Jазаџиски.

Според градоначалникот Никола Бакрачески, почетокот со работа на филмската академија  и  вечерашната   проекција на „Медена ноќ“  токму во Охрид , претставуваат голема чест.

- Се надевам дека ваквите настани паралелно со работата на филмската академија ќе бидат зачестени , ќе ја збогатат понудата на Охрид во делот на културата и во делот на образованието. Ние пред само една недела имавме  работен состанок со официјални претставници на филмската академија и договаравме заеднички активности кои што можат да ги реализираат општина Охрид и академијата. Покрај Министерството за образование и наука и ние како Локална власт сме тука да дадеме силна поддршка на овој проект. Веднаш со  отпочнувањето  со работа  на академијата сме вклучени  во неколку активности кои се од значење за уредување на просториите и за  нејзино нормално функционирање . Локалната самоуправа силно ќе ја поддржи оваа академија и таквата поддршка ќе трае во континуитет. Секако дека услугите на вработените и  студентите на академијата ќе бидат користени за настани коишто се од големо значење за локалната самоуправа.  Прв таков настан е патрониот празник   на Охрид - Св. Климент Охридски кој го одбележуваме на 8 декември. Филмската академија од Охрид активно ќе се вклучи во одбележувањето на овој значаен  празник – рече градоначалникот Бакрачески.

Дванаесет студенти, постдипломци  од земјава и странство со субвенции од Министерството за образование  ќе  се образуваат во тригодишни студиски програми   на Катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција. 

- Јас верувам дека успешниот старт на Филмкста академија ќе нзачи исклучителен напредок и ќе значи промоција и за градот Охрид и за Република Макеоднија на полето кое што е од исклучителен квалитет во делот на филмската индустрија и ументост посебно поради тоа што сето ова го реализираме со една од петте најстари  школи за филм во светот а тоа е филмската академија од Прага - изјави Заменик министерот  за образование, Спиро Ристески

Режисерот Иво Трајков, кој воедно е професор и претседател на Сенатот на Филмската академија во Прага ќе предава и на Филмскиот институт во Охрид. Два пати неделно студентите ќе учат од проекции на филмови.

- Дел од предавањата секако како што му дпликува на еден филмски институт се филмските проекции. Имаме два пати седмично филмски проекции на филмови едниот е проексција на постари филмови во историја на кинематографија а другата е филмови понови -   истакна режисерот и професор на ФАМУ- Прага, Иво Трајков.

 Филмот “Медена ноќ“    којшто е македонскиот кандидат за оскар на Американската академија за филмови од неанглиско говорно подрачје,  во исто време е на повеќе меѓународни филмски фестивали.
По премиерата на Скопскиот филмски фестивал и презентацијата на филмските маркети во Берлин и Кан, „Медена ноќ“ деновиве се прикажува на три меѓународни филмски фестивали - во Германија, Холандија и Грција.
Исто така, на почетокот на ноември, преку „European film promotion“ се претстави на американскиот филмски маркет во Лос Анџелес како македонски кандидат за оскар. Во октомври филмот беше прикажан и во Виена, на фестивалот Let’s CEE Film Festival – Vienna.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и Националниот фонд за кинематографија на Република Чешка и претставува копродукција помеѓу Македонија (Кавал Филм), Чешка (i/o post и Soundsquare од Прага) и Словенија (Aatalanta, Љубљана), со учество на Македонската радио телевизија и Радио телевизија Словенија.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1341  пати
Објавено на: 09.11.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©