Синоќа со настапот на Kabadayas и Гоце Стефкоски квинтет, успешно
заврши реализацијата на пилот проектот „Летен џез караван“ кој поддржан од
Министерството за култура во рамките на „Топол културен бран“ а во
организација на општина Охрид се одржа во барот „Куба Либре“.
Низа манифестации оставаат културен белег во Охрид ја збогатуваат
понудата ,нудат вистинско уживање и полека го афирмираат градот како
културна туристичка дестинација.
Во иднина, збогатувањето на програмските активности и културната понуда на
Охрид со уште еден „Охридски џез фестивал“, ќе го направи Охрид
привлечен и посакуван за љубителите на џез музиката, а секако ваквите
континуирани подобрувања и збогатувања на понудата даваат и видливи
резултати.
Надградбата и продолжувањето со ваквите активности и овозможување на
граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид да проследат што повеќе
настани од културен карактер е една од заложбите на локалната самоуправа.
Извор: www.ohrid.gov.mk |