Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ПООДМИНАТА ФАЗА Е ИЗГРАДБАТА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО, ТЕНИСКИТЕ ИГРАЛИШТА И ПЛИВАЧКИОТ БАЗЕН ВО ОХРИД
Untitled Document

На СРЦ „Билјанини извори“, градоначалникот Никола Бакрачески направи увид на   активностите каде  во тек е  градба на  едно повеќенаменско игралиште за мал фудбал,кошарка и одбојка и уште три терени за тенис од кои еден двоен и еден единечен.

 

-Досега се изработени основите на подлогата, дренажните системи и поставен е асфалт. Изведувачите не уверија дека следната недела ќе биде поставена полиакрилната подлога, со што Охрид ќе добие три најсовремени игралишта за тенис и едно повеќенаменско игралиште- изјави градоначалникот Бакрачески кој изрази задоволство од темпото со кое се изведуваат градежните активности за затворениот пливачки базен

- Направивме увид и врз активностите на изградбата на затворениот пливачки базен, кој исто како повеќенаменското и тенеските игралишта е проект финансиран од Агенцијата за спорт и млади. На затворениот пливачки базен се завршени ископите , а поставени се и шест дренажни бунари, тампонирана е основата на базенот и според кажувањата на изведувачите, во текот на следниот месец ќе почнат армирачко-бетонските работи.Со почетокот на изградбата на надземниот дел ќе почне да се надзира реализацијата на затворениот пливачки базен, кој ќе биде гордост на Охрид.Покрај затворениот базен ќе се изградат и помошни простории со спа и фитнес центри, кафетерии и деловни простории. Затворениот пливачки базен ќе биде изграде по најсовремени стандарди со геотермални пумпи со соларни колектори кои ќе овозможат неколкуктартно да се намали потрошувачката на електрична енергија.Изградбата, според изведувачите треба да завршат во договорениот рок, - потенцира Бакрачески.

Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ , заедно со двата базени, фудбалските и игралиштата за кошарка и едно игралиште со трибини, како и со игралиштата за тенис  ќе претставува најопремениот спортски центар во Република Македонија. Заедно со опремата и потребните реквизити, многу спортски екипи ќе имаат можност за подготовки во текот на целата година

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1510  пати
Објавено на: 24.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©