Денеска директорот на МЈП Проаква, РЕ – Охрид, Томе
Паскалоски, на прес конференција обелодени факти околу штетниот договор
кој се однесува на малите хидро -електрани а кој е склучен во
време на минатата локална гарнитура.
- Иницијативата
за формирање на друштво кое се однесува на малите хидро
електрани е од 2007-ма , а наредната година на 1-ви март
, формирано е Друштво со ограничена одговорност - Мали
хидро електрани,“Летнички извори“. Станува збор за јавно – приватно
партнерство помеѓу Проаква од една и Конзорциумот Турбо Институт
“Фероинвест“ од Скопје од друга страна.Според договорот во членот
бр.7 стои дека, Проаква како јавен партнер ќе добие 31% од
предвидените оптимално произведени 3 милиони 174 илјади киловат часови
електрична енергија на годишно ниво, односно само 31%од остварената
нето добивка, објасни директорот Паскалоски кој посочи
дека друштвото е основано со основачки влог од 5 000 Евра , и според овој договор 99% од капиталот припаѓа на приватниот партнер,
“Фероинвест“а 1 % на јавниот партнер,“Проаква“. Во гласовите на
одлучување со 99% е застапен “Фероинвест“, а со 1% “Проаква“.
-Според член број 7 од договорот, најпрво се погрешени
оптимално произведените киловат часови енергија. Откако е направено ова
претпријатие на годишно ниво се произведуваат милион
и половина или милион и шесто киловат часови, наместо оптимално
произведените три милиони и сто илјади киловат часови. Ова значи дека
вкупниот приход на претпријатието е драстично помал. Вкупниот приход
на годишно ниво на ДОО МХЕ “Летнички извори“ е околу 12 милиони
денари, а расходите се околу 11 милиони денари, односно само по
основ на амортизации расходите се 4 милиони и 700 а по основ на камати за
банкарски кредити околу 6 и половина милиони денари . Управителот на
друштвото , од “Љубљанска банка“ зел кредит во износ од 2
милиони евра, секако тоа го сторил со овластување од тогаш
надлежните во “Проаква “. Кредитот се отплаќа од истото друштво со
седиште во Скопје. Значи на секоја ревизија на годишните сметки овластен
ревизор констатира загуба , која само минатата година изнесуваше околу 680
000 денари . ДОО МХЕ “Летнички извори“ работи континуирано со загуба и не
искажува нето добивка односно профит во ревидираните биланси и годишни
сметки, па според тоа финансиски бенефит за Проаква нема. Значи направени се
суштински грешки во самиот договор, обелодени Паскалоски кој
потенцира дека поради лошите економски параметри и лошите предвидувања
на оптимално предвидените киловат часови електрична енергија , договорот е
апсолутно штетен за МЈП Проаква и за Охрид.Уште полошо е што во
финансиската добивка е ставена нето добивката.
Јавното приватно партнерство е склучено на период од 40 години. Според
правни експерти нема можност за менување на договорот односно
раскинување на партнерството, а доколку тоа би се случило МЈП
Проаква РЕ –Охрид, е должна на приватниот партнер “Фероинвест“ да му
ја плати целата инвестиција од проекти, документации, елаборати до
инвестиции во опрема и градби. Тоа би значело дека МЈП Проаква РЕ –Охрид,
би требала да плати околу 2 милиони евра на приватниот партнер.
Според сегашниот менаџерски тим на МЈП “Проаква “ РЕ – Охрид, наместо овој
штетен акт, требало да се направи договор на вкупниот остварен приход по
основ на испорачана електрична енергија според цената на регулаторната
комисија. Со тоа Проаква континуирано секоја година би имала
финансиски бенефит во проценти од приходот на испорачаната електирчна
енергија, бидејќи во сегашниот случај само по основ на амортизација и камати
по банкарски кредити друштвото МХЕ “Летнички извори “ е во загуба.
Извор: www.ohrid.gov.mk |