Со доделување на сертификатите на 15-те вработени од различни сектори во Општина Охрид, вчера беа заокружени шест месечните обуки за само оценка при работа COMMON ASSESSMENT FRAMEWORK (CAF),што по барање на градоначалникот Никола Бакрачески ги спроведуваше Британската Амбасада и Центарот за управување со промени од Скопје. Целта на истата беше професионализација на вработените во општина Охрид и нивна поголема ефективност при услужување на граѓаните. По спроведените обуки општина Охрид се обврзува на спроведување на конкретни и со рокови поврзани мерки и активности за подобрување.
Во изминатиов шест месечен период колку што траеја обуките за само проценка при работа, се спроведе процесот на само – оценување каде се направи преглед на во моментов силните страни и областите за подобрување во локална самоуправа и се определија предлог активности за подобрување на работењето на општината во однос на 9 критериуми: Лидерство; Стратегија и планирање; Луѓе; Партнерства и ресурси; Процеси; Резултати ориентирани кон корисници; Резултати насочени кон луѓето во организацијата; Општествени резултати и клучни резултати од работата како и 28 пот -критериуми на CAF. Методот на работа се состоеше најпрво од индивидуална проценка на секој член од тимот одделно за секој критериум со пот критериумите, потоа координаторот ги групираше сите индивидуални проценки и по заедничка подолга дебата секој ги изнесуваше своите ставови, се формираше групна проценка, со консензус на работниот тим. За секој критериум беа најпрво посочувани силните страни , па областите за подобрување со наведување на конкретни и со рокови поврзани мерки и активности за подобрување.
Се очекува по имплементирањето на CAF , Охрид да добие современа и едуцирана локална администрација во насока на унапредување на менаџирањето со квалитетот. Инаку Охрид е трета општина во државава во која се спроведоа CAF обуките за само оценка при работа во насока на поголема ефективност и услужување на граѓаните.
Извор: www.ohrid.gov.mk |