Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ
Untitled Document

Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјалната заштита на граѓаните од средствата на буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.


Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 600,оо денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненти:


·         Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
·         Покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
·         Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосверски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
·         Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

 


Право да поднесат барање за субвенционирање на трошците за комунални услуги од Буџетот на Општина Охри, имаат лицата со статус на:


·         Корисник на социјална помош или
·         Корисник на постојана парична помош или
·         Невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен,


Услов за погоренаведените категории е: корисниците и нивните брачни другари да бидат пријавени во Агенцијата за вработување на Р.М и активно да бараат работа; заедно со брачниот другар да не оствариле приходи поголеми од 105.600,оо денари во 2013 година и да не поседуваат друг имот освен оној во кој живеат;


·         Лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството  е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест.


Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни или церебрално васкуларни заболувања.
Услов за оваа категорија на корисници ( по основ на инвалидитет или тешка болест ) е во 2013 година, заедно со брачните другари да не остваруваат приходи поголеми од 105.600,оо денари, како и да не поседуваат друг имот освен оној во кој живеат.
           
            Подносителите на барањето за субвенционирање треба комулативно да ги исполнуваат следните критериуми:


·         Да се државјани на Република Македонија;
·         Да се жители на Општина Охрид;
·         Да се корисници на Услуги од: МЈП Проква или ЈП Охридски Комуналец или ЈП Нискоградба или ЈП Градски Гробишта;
·         Да се подносители на барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

 

Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги доставуваат во затворено плико, лично во архивата на Општина Охрид или по пошта на следната адреса:  Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака ( “ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ” ).


            Јавниот оглас ќе трае 30 дена, сметано од денот на објавувањето на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk, а барањата за субвенционирање можат да се доставуваат за цело време додека трае огласот.

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ - НАТАША СМИЛЕСКА ОД СЕКТОРОТ ЗА СПОРТ, МЛАДИ И НВО КОЈ Е СМЕСТЕН ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЗГРАДАТА НАД ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ КАЈ ОВЛАСТЕНОТО ЛИЦЕ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ И НА ТЕЛЕФОН: (046) 250 778

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1315  пати
Објавено на: 13.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©