Во пресрет на зимата,во понеделник охридската компанија “Милкус “
во 10 :30 часот во своите простории, ќе донира дванаесет огревни тела на
социјално загрозените семејства и образовните институции во градов.
Од нив две печки на пелети ќе бидат донирани за објектите од детската
градинка “Јасна Ристеска“. Од 10-те шпорети на дрва пет ќе бидат доделени
на охридскиот Центар за социјални грижи кој истите ќе ги даде на пет
социјално загрозени семејства од Охрид а останатите пет шпорети на
дрва ќе бидат за охридските училишта.
Извор: www.ohrid.gov.mk |