Денес во Спортската сала „Билјанини Извори„ се одржа прес конференција по повод Меѓународниот Кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013„ кој е во организација на Ј.П.„Билјанини Извори„ а под покровителство на Локалната самоуправа.
На прес конференцијата се обратија претставници на КК.МЗТ – Скопје (Р.Македонија) и претставници на КК.Лукоил Академик – Софија (Р.Бугарија).
Сектретарот на Локалната самоуправа Димитар Спасески истакна дека на турнирот ќе учествуваат најеминентните екипи од Балканот и од име на Градот ги покани сите љубители на спортот да го посетат настанот.
В.д. Директорот на Ј.П. „Билјанини Извори„ истакна дека турнирот е продолжување на традицијата на Охрид која ја имаше до пред 3 децении, исто така додаде дека викендов во Охрид ќе се гледа врвна кошарка и дека овој настан е со тенденција да стане традиција.
Натпреварите започнуваат утре со почеток во 18,00 часот и 20,30 часот, а во сабота љубителите на спортот ќе ги проследат финалните натпревари во истите термини.
Извор: www.ohrid.gov.mk |