Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕНОНОЌНО ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ„ ГО СОБИРА И ТРАНСПОРТИРА СМЕТОТ
Untitled Document

Одделението „ Услужна хигиена„ кое е дел од ЈП „ Охридски комуналец“ , за време на летната туристичка сезона, деноноќно врши  собирање, подигање, транспортирање и депонирање на комуналниот отпад, собирање, подигање, транспортирање и депонирање на друг вид неопасен отпад од физички лица и правни субјекти.
 
Од 01.07.2014 год. воведена е и трета смена за подигнување на отпадот, а ангажирани  се дополнително уште три возила. Едното дополнително  возило кое е од мал обем оперира во втора смена само во страиот дел од градот и го подигнува отпадот. Во трета смена се ангажирани уште две возила. Динамиката на подигање на отпад е интензивирана во најфреквентните  реони, односно на улиците „ Македонски просветители„  , булевар „ Туристичка„ , „Партизанска„ , „ Димитар Влахов„ и „Кеј Маршал Тито“ .
 
Од хотелите и туристичките приградски населби отпадот  се подига секојдневно, а возилата се ангажирани и во вечерните часови. Во летниот период е активирана  служба за секојдневно подигање на зелен и кабаст отпад кој се депонира покрај контејнерите и други локации.
    
Услужната хигиена се одржува на подрачјето на градот Охрид, викенд- населбите и селата Св.Стефан, Лагадин, Елешец, населбата Исток, Пештани, Трпејца,  Љубаништа, Подмоље, Долно Лакочереј,  Горно Лакочереј, Рача, Коњско, Косел, Ливоишта, Орман, Вапила, Опеница, Куратица, Велгошти , Лескоец, Елшани, Рамне и Велестово.
 
Динамиката на подигнување на комуналниот отпад е дефинирана по денови и реони, каде услугите се димензионирани според потребите на градот, френквентноста на населението и сообраќајот и досегашното искуство. Така во одредени денови се подигнува секојдневно , а во другите делови два пати или еднаш неделно, притоа се опфатени и приградските населби. Во туристичките населби подигањето се интензивира во летниот период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1315  пати
Објавено на: 15.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©