По распишаниот оглас за субвенционирање на трошоци за комунални услуги,
општина Охрид донесе одлука кои поднесители ги исполнуваат условите за
користење на субвенции пропишани во објавениот Јавен оглас. Корисници на
субвенции се следните:
РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ЗА ОДВЕДУВАЊЕ НА ОТПАД
РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА ОДВЕДУВАЊЕ НА ОТПАДНИ И АТМОСФЕРСКИ
РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ГРОБНА ТАКСА
РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА ПОТРОШЕНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
Инаку, вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600,оо денари месечно за
секој корисник и е составена од четири компоненти: покривање на трошоците за
потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување
на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и
атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна
такса – гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно
субвенцијата. Барателот на субвенција мораше да биде корисник на социјална
помош, корисник на постојана парична помош или невработен подолго од 12
месеци. Доколку корисникот е во брак, тогаш неговиот брачен другар да е
невработен. Исто така право на субвенционирање имаа и лица кои имаат
најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен
другар или челен на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има
тешка болест.
Извор: www.ohrid.gov.mk |