Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МИНИ ПЛОШТАД ВО „ ГОРНА ВЛАШКА МААЛА“
Untitled Document

Градежната оператива на ЈП „ Градски гробишта“ и останатите општински јавни претпријатија  ја финализираат изградбата на мини плоштадот, што се наоѓа на крстосницата на улиците „ Питу Гули“ и „ Марко Нестороски“ .

На малиот плоштад кој е  со површина од 15о метри квадратни, се поставуваат 80 метри квадратни бехатон плочки, 70 метри квадратни бетонски плочки, производство на ЈП „ Градски гробишта“ , 100 метра ивичници и 50 метра кубни тампон.

За кусо време плоштадот хортикултурно ќе биде уреден и ќе бидат поставени клупи и фонтана. Според она што беше договорено на неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од Урбаната заедница „ Горна влашкаа маала“  ќе се санираат и тротоарите на оваа крстосница и ќе се реализираат и други комунални зафати.

Во текот на 2014 година планирано е оплеменување на   триесетина вакви простори и уште толку спортски и детски игралишта во урбаните и месните заедници.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1256  пати
Објавено на: 28.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©