Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТРЕТО ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА БЕЛО ЛЕТО
Untitled Document

Традиционално и оваа година Секторот за ТЛЕР, ја организира манифестацијата “Бело Лето“, со која симболично се најавува главната туристичка сезона. “Бело Лето“ ќе се одржи во деновите од викендот на 3, 4 и 5 јули со повеќе атрактивни настани. Раководителот на Секторот за ТЛЕР Ѓоко Апостолов, истакна дека и оваа година угостителските објекти ќе работат со продолжено работно време, а на 4 јули тоа ќе биде без ограничување.


Иако беше најавено присуството на младата охридска музичка ѕвезда Боби Мојсовски, поради обврските кон Х фактор продукцијата, неговиот настап пред охриѓани е одложен за друг термин во текот на летото. Вечерта на 4 јули музичкиот хепенинг на градскиот плоштад ќе биде со “Слаткаристика“ “Тајзи“ и “Саунд месинџер“.

Во соработка со занаетчискиот еснаф од Охрид и повеќе невладини организации на малиот плоштад, ќе бидат презентирани старите занаети и вештини, традиционални за охридското поднебје. Според Апсотолов, се очекува  ова да биде една од најплодните туристички сезони.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1326  пати
Објавено на: 25.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©