По повод роденденот на Тодор Александров, во спортската сала која го носи
неговото име во с. Велгошти, денеска се одржа спортски турнир именуван како
„Спортски Ден“. На турнирот покрај учениците од основните училишта од Охрид,
учество зедоа и учениците од основното учлиште од Дебрца. Претседателката на
советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска, им ги додели медалите за
најуспешните во фудбал.
1-во место освоија учениците од основното училиште „Христо Узунов“,
2-ро место освоија учениците од основното училиште „Ванчо Николески“
3-то место освоија учениците од основното училиште „Братство Единство“.
За најдобар стрелец беше прогласен Марко Арсенов од ОУ „Христо Узунов“, а за
најдобар голман Христијан Димоски исто така од ОУ „Христо Узунов“.
Советникот Илија Арнаудовски им ги додели медалите на најуспешните во ПИНГ –
ПОНГ (машки и женски).
Медалите во ПИНГ – ПОНГ машка конкуренција ги освоија :
1-во место освои Наум Стефаноски од О.У. „Христо Узунов“
2-ро место освои Наум Шибакоски од О.У. „Живко Чинго“
3-то место освои Маријан Петрески од О.У. „Ванчо Николески“,
А во ПИНГ – ПОНГ женска конкуренција ги освоија :
1-во место освои Кети Маркоска од О.У. „Живко Чинго“
2-ро место освои Теодора Танеска од О.У. „Христо Узунов“
3-то место освои Олгица Симонова од О.У. „Христо Узунов“.
На најдобрите во шах (машки и женски) медалите им ги врачи советникот Коста
Трифуноски.
Првите три места во шах машка конкуренција ги освоија :
1-во место освои Дејан Аслимоски од О.У. „Ванчо Николески“
2-ро место освои Јован Латкоски од О.У. „Ванчо Николески“
3-то место освои Александар Ламбески од О.У. „Св. Наум Охридски“
А во женска конкуренција ги освоија :
1-во место освои Симона Бошкоска од О.У. „Св. Климент Охридски“
2-ро место освои Ивана Настоска од О.У. „Ванчо Николески“
3-то место освои Мартина Лачоска од О.У. „Христо Узунов“
Директорот на ЈП „Ниско Градба“ , Сашо Донев ги додели медалите за
најдобрите во баскет (мажи и жени).
Најдобри во баскет во машка конкуренција беа :
1-во место О.У. „Григор Прличев“ 1
2-ро место О.У. „Христо Узунов“
3-то место О.У. „Григор Прличев“ 2
За најдобар играч во баскет, машка конкуренција, беше прогласен Кристијан
Кузманоски од О.У. „Григор Прличев“.
А најдобри во баскет женска конкуренција беа :
1-во место О.У. „Григор Прличев“
2-ро место О.У. „Дебрца“
3-то место О.У. „Христо Узунов“.
За најдобар играч во баскет женска конкуренција беше прогласена Ивана
Блажеска од О.У. „Григор Прличев“.
В.Д. Директорот Ѓоко Чингоски на сите школи учесници им додели
благодарница за нивното учество на „Спортскиот Ден“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |