Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО НЕВРЕМЕТО СЕ РАСЧИСТУВА КЕЈОТ И ДЕЛОВИ ОД ОХРИД
Untitled Document

Екипи на Јавното претпријатие “Охридски комуналец“, од утрово работат на чистење на  отпадот  што   брановите  го  исфрлија на езерскиот кеј  по дводневното невреме проследено со силни врнежи од дожд и снег што го зафати охридскиот регион. 
Екипи од секторот за јавна хигиена  при ЈП “Охридски комуналец“ денес ја  чистат    исфрлената  пластична , картонска ,најлонска амбалажа и друг вид отпад. Директно од езерските води се  собира отпадот, а кејот се мети.  

Во текот на денешниот ден  оперативна група од “Охридски комуналец“  е  задолжена за отстранување на остатоците од снег по градската чаршија.     
  Се отстрануваат искршените гранки во близина на маркетот “Рамстор“ а навреме се санираат и останатите оштетувања низ охридската чаршија.

 Екипи на ЈП “Охридски комуналец“ денес  работат  и на отстранување на искршените гранки од дрвјата  во стариот дел од градот, по патеката која ги поврзува месноста Кошишта со Горна Порта каде има  оштетувања на  оградата и клупите.

 Во изминатите два дена екипи на ова охридско претпријатие  работеа на  расчистување на тротоарите по целата должина на улицата  „Булевар Туристичка„ и другите позначајни сообраќајници во гадов.
По претходно  барање од Урбаната Заедница од с. Вапила, изминатиов викенд ЈП “Охридски Комуналец“  реализира и акцијата за отстранување на скршени гранки и стебла на  патниот правец Косел –Вапила –Ливоишта.

Повеќе...

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1342  пати
Објавено на: 02.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©