Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПОСТАВУВААТ ИНФОРМАТИВНИ ТУРИСТИЧКИ ТАБЛИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД
Untitled Document

Секторот за туризам и локален економски развој започна акција  за поставување  на туристички информативни табли  низ   26 локации во Охрид. Истите се поставуваат со цел туристите и гостите кои ќе дојдат во градов навремено  да бидат  известени  за културните, историските, природните и туристичките знаменитости  како и за останатите објекти и содржини  кои се специфични за Охрид.
Во текот на вчерашниот ден вакви туристички информативни табли со соодветен знак на објектот или содржината на која се однесуваат  беа поставени на шест локации во градов.

- Охридско езеро (знак езеро) кај игралиштето  Мизо
- Охридско езеро (знак езеро) на кејот кај Ројал
- Охридско езеро (знак езеро) на плоштад до сувенирницата
 - Антички театар ( знак антички театар)  – пред влезот од театарот
- Црква Св. Богородица Перивлепта (знак  црква)- пред влезот на црквата
 - Галерија на икони – ( соодветен знак)  пред влезот на галеријата

Акцијата за поставување на информативните туристички табли продолжува и денес и наредниве денови.
 Инаку информативните табли се  донација  што општина Охрид ја доби од  Центар за Развој на Југозападен Плански Регион.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1238  пати
Објавено на: 26.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©