Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УСПЕШНА СОРАБОТКА СО ТИМОТ НА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД СРБИЈА
Untitled Document

Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска, во име на градоначалникот Никола Бакрачески и од име на локалната самоуправа денеска ги поздрави, практично на заминување, двајцата полициски службеници од Република Србија кои што имаа работен престој во Охрид  во траење од еден месец, а во рамките на меѓудржавната соработка на Владите на Република Македонија и Република Србија, односно министерствата за внатрешни работи на двете држави.

За доволството е големо заради фактот што ова беше еден исклучително успешен проект. Укажувањата  на вработените во нашето министерство за внатрешни работи одат во насока дека престојот на овие полициски службеници во Охрид  во голема мера го зголемуваше чуството на безбедност особено на гостите кои доаѓаа од Република Србија – изјави Гордана Коњаноска, претседател на Советот на општина Охрид

Имавме успешна соработка со колегите од секторот за внатрешни работи во Охрид. Што се однесува на интервенции во делот на загрозување на безбедноста ,немавме ниту една. Граѓаните со кои остваривме контакт беа задоволни од нашата заедничка акција и секако ја истакнаа поддршката за ваквите проекти со кои и тие самите веќе се чуствуваат посигурни – рече Драган Лучиќ, полициски службеник од Белград.

Остваривме низа контакти и со граѓаните на Охрид и со туриститекои престојуваа тука и слободно можам да кажам дека сите беа коректни. Граѓаните се навистина љубезни – истакна Славиша Илиќ, полициски службеник од Ниш.

Следниот тим на полициски службеници од Република Србија ќе престојува до 15 септември.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1244  пати
Објавено на: 14.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©