Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува
КОНКУРС
за доделување бесплатни курсеви од следниве стручни профили: заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти-фини подесувачи на машини
за невработени лица од Општина Охрид
Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување општина Охрид, согласно годишната програма на одделението за локален економски развој за 2015 година во која се предвидени “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд” распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за 20 невработените лица од следниве стручни профили: заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти-фини подесувачи на машини.Со курсевите ќе бидат опфатени по 5 лица од секоја од наведените стручни профили.
- Услови за доделување бесплатен курс
Право на пријавување за овие курсеви имаат лица кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување кои активно бараат работа.
II. Начин на пријавување
Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните образци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:
- Потврда дека е невработено лице;
- Потврда за висината на примањата на членовите на семејството на кандидатот и тоа: ако се вработени, потврда за висината на платите на членовите на семејството; за членовите пензионери на семејството -испратница од пензија за последниот месец (оригинал), а за невработените членови на семејството на кандидатот - потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок –социјална помош (оригинал);
- Изјава за лични податоци;
- Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма.
Рок на пријавување
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за бесплатни курсеви за стручни обуки, како и обуки за преквалификација и доквалификација за невработени лица од Општина Охрид“ или во Архивата на општина Охрид
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.
Извор: www.ohrid.gov.mk |