Почитувани,
Општина Охрид организира Промоција на летна туристичка сезона Манифестација “ЛЕТО 2013” и Промоција на целокупната туристичка понуда од Охрид.
Ги покануваме сите угостителски објекти (хотели, ресторани, кафетерии, ноќни клубови) на работен состанок кој ќе се одржи на 19 јуни (Среда) 2013 год. со почеток во 12:30 часот во Голема Сала на Општина Охрид, со цел да ги поддржат активностите планирани во склоп на оваа манифестација за утврдување на нивната понуда во истата, како и нивно промовирање.
Со почит,
Општина Охрид
Извор: www.ohrid.gov.mk |